Рускиот патријарх очекува коренити промени во Европа поради потиснувањето на христијанството

од Vladimir Zorba
77 прегледи

 

Рускиот патријарх Кирил очекува коренити промени во Европа поради потиснувањето на христијанството од континентот.2VSN_3674

Поглаварот на Руската православна црква ова го изјави денеска во разговор со претседателот на Парагвај, Орасио Мануел Кортес Хара, јави ТАСС.

Говорејќи за средбата со папата Франциско во Хавана на 12 февруари, патријархот истакна дека разговорот бил посветен на „сеопштото потиснување на христијанските вредности од животот на повеќе современи држави“.

– Дехристијанизацијата на Европа е опасна не само од гледна точка на дискриминација кон христијаните. Тоа е опасно од духовен и културен аспект, додаде тој.

– Средбата со Франциско мина во братска атмосфера, тоа не беше само обична размена на љубезност, туку сериозен двочасовен разговор, нагласи рускиот патријарх.

Парагвајскиот претседател нагласи дека по средбата светот со нетрпение очекува подобрување на односите меѓу Римокатоличката и Руската православна црква.

Турнејата на рускиот патријарх во Латинска Америка, почна на 11 февруари со посета на Куба, продолжува со Парагвај, потоа следува Бразил и планирано е да заврши на 22 февруари