Завидна резултати во борбата против корупцијата, добри економски показатели и речиси никаква емиграција – Романија е на пат да се ослободи од лошиот имиџ. Во оваа земја луѓето повторно гледаат со надеж кон иднината-анализира DW.
Историјата фрла долги сенки, велат луѓето. Романија, која е една од најмладите земји-членки на ЕУ, има многу историја и многу сенки зад себе. Денес, 27 години по револуцијата, егзекуцијата на диктаторот Чаушеску и крајот на комунизмот, Романија е во промена.
Романија и корупцијата – долго време овие два концепти беа тесно поврзани. Во извештајот на ЕК за напредокот на земјата од 2012 година се велеше дека најголемиот проблем на Романија останува притисокот на владата на Виктор Понта на правдата. Но извештајот за напредокот на Романија од декември 2015 година е сосема друг – во него се зборува за “импресивна динамика” во борбата против корупцијата.
По неколку децении на битки со последиците од комунизмот во Романија е во тек вистинска промена. А во основата на оваа промена стојат самите Романци кои го засилија притисокот врз владејачките и веќе гледаат со надеж кон иднината. Токму оваа надеж ги тера повеќе емигрирале Романци да се вратат во татковината. Тие веруваат дека промената е можна и сакаат да се дел од овој процес на обнова.
Кој го контролира бизнисот со платениците?
Владеење на правото наместо корупција
Марија Дезмонс-Макреа работи како консултант. И поконкретно – помагање на млади луѓе кои сакаат да основаат сопствена фирма. Марија се врати во Романија во 2014 – по долги години поминати во странство. Што ја натерало да се врати? “Видливите промени во земјата. Романија е во моментов едно навистина прекрасно место. Со секој изминат ден таа се менува на подобро”, вели Марија.
Тоа се гледа повеќето сликовито во работата на Агенцијата за борба против корупцијата, која беше создадена во 2002 година. На мета на Агенцијата не се само локални политичари, но и високи претставници на власта. Антикорупциската агенција води истрага против поранешниот премиер Виктор Понта и дури против вишиот обвинител Алина Бика, кој беше шеф на Дирекцијата за борба против организираниот криминал. Така за првпат по падот на комунизмот Романија подведува под одговорност и ги осудува не само “ситните риби”, но и највисоките претставници на политиката и за правда. Покрај работата на Агенцијата за борба против корупцијата Романците веќе живеат со чувство дека нивниот глас се слуша, вели Марија Дезмонс-Макреа и додава: “Политичарите веќе носат одговорност пред народот. Поминаа времињата кога се грижеа само за сопствените бенефиции”.
Зголемената важност на романското граѓанско општество го истакнува и германскиот пратеник д-р Кристоф Бергнер, кој е претседател на германско-романскиот форум. Бергнер дава пример со политичките промени кои настапија по пожарот во еден ноќен клуб во Букурешт, причина за смртта на 63 лица. Тагата од трагедијата се трансформира во граѓанска енергија и предизвика масовни протести низ целата земја, само во Букурешт протестираа 25 000 луѓе. Демонстрантите ги обвинија корумпираните властодршци за трагедијата, а протестот не им остана глас во пустина – премиерот Понта и кабинетот поднесоа оставка.
Пораст и во економијата
Романија напредува не само во борбата против корупцијата – стопански раст на земјата е над просекот во ЕУ. “Преку економските реформи, извршени во последните десет години, Романија се приближи до другите земји-членки на ЕУ. А членството во ЕУ и во НАТО беше главниот двигател на овој процес”, вели романскиот амбасадор во Берлин Емил Хурезеану.
На ова мислење е и германскиот пратеник Кристоф Бергнер: “Еврочленството влијае многу добро на Романија. Нема сомнение дека по 2007 година, кога Романија стана дел од ЕУ, во земјата се разбудија нови изворни сили”, посочува Бергнер.
“Како чаша убаво вино”
Потврда за тоа е и пресврт во однос на емиграцијата. По падот на комунизмот многу висококвалификувани Романци ја напуштија својата татковина. И до денес романските лекари се најмногубројна група на странските професионалци во германските клиники. Но овој тренд се обраќа: додека во 2004 година процентот на мигрантите е 4,8 отсто, во 2014 година статистиката предвид само 0,8 проценти.
Со други зборови: Романија постепено се претвора во едно навистина добро место за живеење. Најмногу за луѓето со претприемачки талент, додава Марија Дезмонс-Макреа и објаснува дека во моментот најветувачка е сферата на информатичките технологии. Причината за ова лежи во фактот дека пред неколку години индустријата беше ослободена од данок на доход. “Романија веќе игра значајна улога меѓу земјите во Средна и Источна Европа”, вели пратеникот Кристоф Бергнер, а дипломатот Емил Хурезеану го формулира речиси поетски: “Романија е како чаша убаво вино. Оддалеку чашата изгледа полупразна. Одблизу сепак сликата е сосема поинаква. особено пак откако отпиеш од виното “.

