Специјалното јавно обвинителство се очекува да отвори постапки и против судии од Основниот суд Скопје 2, Скопје.  „Сведок“ дознава дека специјалните обвинители побарале предмети од судот, што било аларм за тревога, па сите прашувале какви предмети се барале, кој биле странки во нив и кои судии суделе.

images (12)

Според информациите на „Сведок“, покрај предметите, наводно истражителите веќе разговарале и со претседателот на граѓанскиот суд. Поралот побарал одговори од судот од каде што добил одговор од портпаролката Сања Томиќ дека е точна информацијата оти Катица Јанева и нејзиниот тим барале предмети.

Притоа, предметите им биле доставени до СЈО. Портпаролката Томиќ немала информација од која област се предметите кои му се дадени на обвинителството.

Овој суд е граѓански, но во него има оддели кои судат граѓански, стопански предмети, стечај, работни спорови и најчесто споменуваните предмети за клевета и навреда, каде што беа донесени пресуди да им се исплатат десетици илјади евра штета на Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Елизабета Канческа Милевска и други функционери на власта кои добија пресуди во нивна корист а на штета на пратеници, новинари, граѓански активисти, објавува Сведок.мк.

osnoven-sud-skopje-2-akademik

Пред овој суд се водат и десетици постапки во кои тужена е државата и предмети за милионски суми на пари, како што беа случаите кога од сметките на „Телеком“ и „Оне“ пред ланските избори беа наплатени безмалку 8 милиони евра во корист на државата, стои во анализата на Сведок.

Граѓанскиот суд Скопје 2 има околу 80 судии и деновиве по предавањето на предметите главна тема на разговор е кој ќе биде опфатен со евентуални постапки и кој е фатен во прислушуваните материјали.

Во законот за специјалното јавно обвинителсто на обвинителите им е дадена можност да покренат и граѓански постапки ако најдат докази за тоа.

 

Слични содржини