662
450 грама шпагети
450 телешко мелено месо
400 мл доматно пире
1 главичка кромид
1 морков
3 чешниња лук
80мл масло
1 лажичка оригано
1 лажичка сув магдонос
150 грама пармезан
зачини
Начин на подготовка:
- Ставете на оган тавче со 50ml масло. Откако ќе се загрее маслото, додајте ги во него морковот и кромидот, ситно исечкани.
- Кога кромидот ќе добие златна боја, во тавчето ставете го и меленото месо и пржете ги состојките 5-6 минути.
- Потоа во тавчето додајте го доматното пире и лукот. Пржете додека не ја постигнете саканата густина.
- Кон крајот на готвењето зачинете го сосот со оригано, црн пипер, вегета и магдонос.
- Во тенџере со вода ставете ги шпагетите да се варат. Во водата додајте го остатокот од маслото (30ml) и малку сол.
- Кога ќе бидат готови шпагетите, можете или да ги измешате со сосот или да ги ставите шпагетите во чинии и врз нив да ставите од сосот.
- Поросете со пармезан и украсете со гранче босилек или магдонос.