Лекари во државните болници и на клиниките во земјава работат и по 30 часа без прекин. Ова особено се однесува за хирурзите, но и за медицинари кои работат во болници и клиники каде што нема доволно кадар, објави Утрински весник.

lekari10

 

По дежурствата кои траат по 16 или 24 часа, на лекарите често им се случува да продолжат да работат уште 6 часа и да прегледуваат во амбуланта на „мој термин“, или пак, да заминат дома, но да бидат на повик и ако затреба да се вратат на работа да помогнат заради поголема фреквенција итни случаи.

Како што објави Утрински, објаснувањето за предолгото работно време, најчесто е дека не може да се откажат закажаните прегледи или, пак, ако нема доволно лекари, дека тоа не смее да се одрази на пружената здравствена заштита.

Редовна практика во скопските болници и клиники е за време на викендите да има 24-часовна работа, додека вакви дежурства во текот на работните денови има само во неколку здравствени установи. Една од нив е Клиниката за неврохирургија, а од јануари годинава 24-часовни дежурства во текот на работната недела имаат и хирурзите од Градската хируршка клиника „Св. Наум Охридски“, наведува весникот.

download (16)

Ништо поинаква не е состојбата со работното време на лекарите во болниците во внатрешноста. Така, во битолската клиничка болница има 24-часовни дежурства во работни денови, а слична е состојбата и во другите болници, како во Струмица, Гевгелија…

Лекарите се жалат дека тешко се издржува ваквото „турбо“ работење. Но, изборот е или да прифатат да работат или да си заминат. Според Законот за работни односи, работното време не треба да надминува повеќе од 174 работни часови во тек на еден месец. А, на лекарите, особено на хирурзите им доаѓа да работат и над 200 часа во текот на еден месец.

Повеќе информации од сторијата може да видите тука.

Слични содржини