„Титаник“ заринка на половина пат меѓу новото Специјално јавно обвинителство и стариот Кривичен суд. И по шест дена од барањето, се уште нема одлука за притвор на поранешните министри Јанкулоска и Јанакиески, генералниот секретар на Владата Божиновски и уште петмина осомничени за изборни манипулации, пренесува Алсат-М.

јанева

Токму овие опструкции на работата на тимот на Катица Јанева, повторно ја актуелизира идејата за формирање на Специјален суд. Според професорот Мерсим Максути, за формирање на нов суд нема време, оти се потребни уставни измени, но Законот за судовите предвидува постоење на специјален оддел во рамките на судот.

„Немаме време бидејќи сме пред избори во земјава, кои се приоритет за излез од политичката криза. Како најбрзо решение е: во рамките на Кривичниот суд Скопје 1 да се формира посебен оддел кој ќе се занимава со поднесените случаи на СЈО, оддел кој ќе биде составен од посебни судии кои ќе се именуваат по ист принцип како што беше именуван тимот на Специјалната обвинителка“, рече Мерсим Максути – универзитетски професор.katica-552x426_c

Оваа можност е точно дефинирана во Законот за судовите.

ЗАКОН ЗА СУДОВИТЕ – ЧЛЕН 23
(3) Во рамките на основните судови со проширена надлежност задолжително се основаат специјализирани судски оддели што ќе постапуваат за одделни видови на спорови.
(4) Основните судови можат да имаат судски одделенија, да судат надвор од седиштето на судот, како и да имаат судски денови надвор од седиштето на судот.

Претседателот на Советот на јавни обвинители категорично е против формирање на специјален суд, а првиот човек на Кривичниот суд им препушта за тоа да одлучат политичарите.

„Не, мислам дека нема потреба дека тоа ќе биде спротивно на Уставот на Република Македонија и на Законот за Специјално обвинителство“, рече Петар Аневски – претседател на Совет на јавни обвинители.

„Јас не сум тој што одлучува за такво нешто. Си има Устав, си има Закон, доколку одлучи тоа некој политички да го реши, како што се воведе Специјално обвинителство, така ќе се воведе и Специјален суд“, истакна Владимир Панчевски – Претседател на Основен суд Скопје 1.

Специјално обвинителство и специјален суд не се непознати категории. Вакви институции на Балканот има во Косово, Хрватска и во Романија.

 

 

Слични содржини