Гешковска и Зврлевски не и ги даваат на специјалната обвинителка Катица Јанева предметите „Маѓар телеком“, предметот против Зоран Верушевски за недозволено поседување на оружје и предметот против неговиот син за производство и дистрибуција на детска порнографија, за да утврдат дали имаат надлежност над нив. На што ја темели одлуката обвинителството, кога во законот за Специјално обвинителство јасно е потенцирана независноста на тимот на Јанева, прашува А1ОН
Дека таа одлучува за кој предмет е надлежна, и тоа што ќе го побара од државните и судски органи, мора да и го дадат, законски е покриено , но зошто и кој се плаши од случајот „Маѓар Телеком“?
Познавачите за А1он велат дека многумина се заинтересирани за „пикање“ под тепих на случајот. Меѓу нив и првиот човек на обвинителството, во чија надлежност бил и предметот, бил отворен и затворен и без епилог. Видни функционери и од поранешната власт „брцнале“ од благодетите на „Маѓар Телеком“.
Експерти велат, сега Гешковска и Зврлевски купуваат време со тоа што на изјаснување се повикува Советот на јавни обвинители, бидејќи Советот не е процесен орган и не е учесник во постапката. Аферата во „Маѓар телеком“ за поткуп на политичари во Црна Гора и Македонија, до денеска нема завршница.
Повеќе ТУКА