Нема напредок ама има надеж за медиумските рефрми и преговори .Работната група за спроведување на обврските од договорот од Пржино ќе и продолжат со  преговорите денеска во 15 часот. МЕдијаторот Ван хојте им твитна и синоќа кога завршија,  а и денес им посака добро утро на преговарачите

твит ван

 „Уште еден ден од преговорите. Компромис е сѐ уште можен, но љубовта не може да дојде само од една страна“, ги предупреди Ванхојте пред денешната средба

По завршувањето на синоќешните преговори, Ванхојт на Твитер напиша: „Средбата на работната група за медиумските реформи заврши за денеска. Има прогрес, па ќе продолжиме со дискусија и утре попладне“

По неколку часовни разговори  вчера заврши таа рунда преговори  на која немаше прифатливо и конечно решение за двете страни. Состанокот на работната група во Клубот на пратеници заврши, а белгискиот посредник Питер Ванхауте, како и американскиот и евроамбасадорот, Џес Бејли и Аиво Орав, не дадоа изјави за медиумите.

Медијаторот Ванхауте на својот Twitter профил  само напиша дека за синоча се завршени преговорите, дека има прогрес и дека ќе продолжат утре напладне.

van

„Нема се уште договор, но има нови идеи кои треба да ги преспиеме и утре да се изјасниме, изјавија извори од преговорите.

Во изјава за медиумите пред вчерашната средба Ванхауте рече дека останува да се направи уште многу, но оти  состојбата не е безнадежна и затоа и се разговара. – Ќе продолжиме што поскоро, а потоа ќе видиме што ќе се случува наредните денови. Но, не сум сигурен дека ќе успееме. Советот на Агенцијата на медиуми е важен како нејзиниот состав, а исто така владиното рекламирање. Тоа ќе бидат главните теми, изјави Ванхауте. Преговорите продолжуваат денеска попладнево  15 часот.

Слични содржини