Бугарија ги зголеми овластувањата на војската за заштита на границите

од Vladimir Zorba
129 прегледи

Бугарскиот Парламент денеска и даде поголеми овластувања на војската заради заштита на границите на земјата, поради стравувањата дека приливот на мигранти долж балканската рута, би можел да се зајакне поради затоплувањето на времето.

1024260804

Досега војската единствено можеше на пограничните сили да им пружи техничка и логистичка поддршка.

Според одлуката на Парламентот војската сега ќе може да учествува во заеднички патроли со пограничната полиција во кризни ситуации, како што е зајакнат притисок на бегалците долж границата.

Бугарија, која е членка на ЕУ, има речиси две илјади полицајци распоредени долж 260 километри долгата граница со Турција.