Не постојат услови за фер, слободни и демократски услови на 24 април, како што беше замислено во Пржинскиот договор, потребни се прво реформи а потоа да се оди на избори, е заклучокот од анализата на седум организации: Македонскиот центар за европско образование, Хелсиншкиот комитет за човекови права, НВО Инфоцентарот, Фондацијата Отворено општество – Македонија, Транспарентност – Македонија, Фондацијата Метаморфозис и Институтот за човекови права- информира А1он.


Во нивната анализа, презентирана денеска, пред утрешното објавување на оценката за датумот на изборите, на Делегацијата на Европската унија и на Амбасадата на САД, се посочува дека не се воспоставени ниту функционалните механизми за собраниска и судска контрола врз УБК, што покажува дека е можно системот за нелегално масовно прислушување сѐ уште да функционира. Инсистирајќи само на датум, без јасна временска рамка за исполнување на условите што треба да претходат на изборите, се отвара ризикот за потенцијален бојкот од страна на голем број граѓани, што несомнено ќе води кон продлабочување на кризата во Македонија.

Повеќе ТУКА

Слични содржини