Уставен се прогласи за ненадлежен за одложеното распуштање на Собранието

од desk3
87 прегледи

Уставниот суд суд ја отфрли иницијативата на пратеникот Павле Трајанов за, како што  вели, неуставното распуштање на Парламентот со одложена примена и се прогласи за ненадлежен.

godisna-pres-konferencija-na-ustaven-3

Уставниот судија Наташа Габер која е подготвувач на извештајот, при расправата кажа дека ваквата одлука на Собранието е преседан и Собранието не смее да носи такви одлуки.

Посочи дека при предвремени избори рокот за избори е 60 дена а со оложената примена од 24 февруари и престапноста на февруари месецот изборите би требало да бидат на 24 април, што е всушност 61 ден.

РСЕ: Три од четири пакети во преговорите за медиумите се решени тврдат извори од ВМРО-ДПМНЕ

Претседателката на Уставниот суд Елена Гошева се произнесе дека е контра ставот на судиката Габер и посочи дека иницијативата треба да се отфрли бидејќи судот не може да одлучува за акт, туку само за закони.