Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги осудува заканите на Демократската унија за интеграција (ДУИ) со тужби за клевета против дневниот весник Лајм. ЗНМ смета дека ваквата практика на лидерот на ДУИ Али Ахмети и неговиот шеф на кабинет, пратеникот Артан Груби претставува директен притисок врз слободата на медиумите. Во демократски земји не е практика носители на јавни функции да тужат новинари за клевета затоа што се смета дека тие треба да имаат повисок праг на толеранција кон јавна критика.

znm

Ги повикуваме функционерите на ДУИ да ја прифатат понудата на весникот Лајм да испратат демант или исправка на објавените изјави, кои тие ги сметаат за клеветнички. Ако Ахмети и Груби се убедени дека Лајм ги прекршил професионалните и етички стандарди ги потсетуваме дека единствено тело кое може да даде мериторна оценка за тоа се Советот на Честа на ЗНМ и Советот на етика на медиумите.

Место да се закануваат со тужби, ги повикуваме челниците на ДУИ да поднесат жалба до Советот на честа или Советот за етика. Со тоа ќе се задоволи правдата и вистината и нема да се врши притисок врз медиумите.

Падна договор: Мигрантите директно од Гевгелија ќе се носат до Австрија

ЗНМ ја разбира загриженоста на колегите од Лајм за исходот од евентуалниот судски спор ако се има во предвид дека во минатиот период имало примери кога функционери на владејачките партии влијаеле на судски одлуки.

 

Интегрален текст

Слични содржини