Дестинации за луѓе кои мразат туристи

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Ако сте од луѓето кои сакаат да патуваат во далечни дестинации, но во исто време не сакаат места, преполни со туристи, тогаш обрнете внимание на некои подалечни островски држави кои ќе ве заинтригираат.ea4d8be988b589fe0efadb820e59b2dd

На овие места може да нема телевизија и интернет, но пак навистина ќе се одморите и ќе  допрете до природата и локалната култура.

Ви претставуваме пет дестинации кои пречекуваат меѓу илјада и 15 илјади туристи годишно. Тие се најмалку посетуваните островски земји од сите, според Daily Mail.

Фото: hurricanehalssb.blogspot.com

1. Тувалу

Оваа мала држава (на сликата горе) може да се пофали само со илјада посетители годишно. Таа е поставена врз групата Атол во Полинезија, западниот дел на Пацификот. Се наоѓа на половина пат помеѓу Хаваите и Австралија. Малку се луѓето кои се упатуваат на тоа долго патување, за да се капат во кристално чистата вода на Тувалу.

Фото: endtrachoma.org

2. Кирибати

Само пет илјади туристи се упатуват кон овие оддалечени острови секоја година. Најблиската цивилизација е Хаваи, кој сепак е на импресивните пет часа пат со авион од Кирибати.Островите се состојат од 33 корални Атола, или прстенести корални гребени, кои покриваат 1,3 милиони квадратни милји од Пацификот.

Фото: blog.socialstylate.com

3. Монсерат

Монтсерат е карипски остров од Малите Антили, кој во моментов е посетуван од околу 7 илјади туристи годишно, иако некогаш беше многу популарна дестинација меѓу Британците. Причината е дека островот беше однесен од ураган во 1989 година, а во 1995 година на него еруптираше вулкан. Неговата популарност почнува да се враќа, поради азурните води и прекрасните плажи се непроменети.

Фото: citi-truck.ru

4. Сао Томе и Принсипе

Тоа е втората најмала држава во Африка, која е составена од двата острова. Таа се наоѓа во Гвинејскиот залив на запад од брегот на Централна Африка. Тука годишно доаѓаат околу 8 илјади туристи. Двете островчиња се идеално место за нуркање, следење на китови и делфини и др.

Фото: traveltourismblog.com

5. Комори

Коморите се група на острови во Индискиот Океан, северно од Мозамбикскиот теснец. Тие пречекуваат околу 15 илјади туристи секоја година. Овие луѓе кои одлучуваат да ја посетат државата се во можност да уживаат во нејзините планини, шуми, убави плажи и дивите животни.