Две лица од Ресен нелегално продавале алкохол и енергетски пијалоци во Прилеп

од desk3
76 прегледи

 

Царинската управа откри нелегална продажба на алкохол и енергетски пијалоци во Прилеп, која ја вршеле две лица од Ресен.

272946_ceska-alkohol-ap_f

Инспекторите на Царинската управа по добиена информација за нелегална продажба на алкохолни и енергетски пијалоци на подрачјето на градот Прилеп и примена на мерки технички надзор, лоцирани се лицата В.М. и Д.М. од Ресен кои ја вршеле продажбата на локации во Прилеп. На 17-ти овој месец двете лица се пресретнати и стопирани на патниот правец Ресен – Битола и со наредба од судија во претходна постапка извршен е претрес на дом и други простории во Ресен.

При претресот пронајдени се 480 парчиња од 0,25 мл. енергетски пијалак Ред Бул, 25 шишиња од 0,5 литри коњак Скендербег, 25 шишиња од 0,5 литри узо Корча, 7,5 литри маслиново масло, 2 шишиња ликер Менте од 0,5 литри, над 70 разни ветеринарни лекови (100 и 200 мл), 27 плински уреди и 2 плински решоа, етикети за коњак Скендербег, инсектициди, потпалувачи за оган и др.

Царината утврдиал дека одземената стока без соодветни документи и истата била пуштена во слободен промет без притоа да бидат платени царинските и други давачки, согласно закон. Стоката е одземена, а по завршување на истрагата и целосно комплетирање на случајот, Царинската управа против сторителите ќе поднесе соодветна пријава./МИА