Попладнево Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 донесе одлука да ги одбие жалбите на Специјалното јавно обвинителство за притвор на осомничените во случајот Титаник – екс министерката Гордана Јанкулоска, генералниот секретар на Владата Кирил Божиновски и уште двајца осомничени за изборни манипулации. Во продолжение прочитајте го соопштението кое Основниот суд го достави до јавноста.

jankuloska

Кривичниот совет во Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалби на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, доставени против решение на судијата на претходна постапка од 15.02.2016 година, со кое се одбива предлогот на Обвинителството за определување мерка притвор за лицата Г.Ј., К.Б., К.Т. и Н.В., денеска одржа седница во присуство на странките, кое беше одобрено  по нивно барање, по што :

Кривичниот совет составен од тројца судии, по секој поединечен предмет по жалба на Обвинителството во кој како членови на совет учествуаа сите судии од Одделението за организиран криминал и корупција, донесе решенија со кое жалбите на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското слеење на комуникациите, за лицата Г.Ј., К.Б., К.Т. и Н.В., се одбиваат како неосновани, а решението на судија на претходна постапка се потврдува.

Постапувајќи по жалбата на Е.Т. за лишување од слобода, Кривичниот совет донесе решение со кое жалбата на Е.Т., поднесена преку неговите бранители, се уважува.

Кривичниот совет од Одделот Кривично полнолетни, постапувајќи по жалбата на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите на решението на судија на претходна постапка од Одделот Кривично полнолетни со кое се одбива предлогот за определување мерка притвор за лицето И.Г. и се определуваат мерки за претпазливост, советот донесе решение со кое ја одбива жалбата на Обвинителството , а решението на судијата на претходна постапка се преиначува така што гласи дека предлогот за определување мерка притвор се одбива како неоснован.

Постапувајќи по жалбите поднесени од обвинителството советот почитувајќи го законски предвидениот рок донесе решенија кои во текот на денешниот ден беа писмено изработени и се експедирани односно испратени до странките.

Слични содржини