Спорот околку тоа дали републиканецот Тед Круз, кој е роден во Канада, има законско право да биде американски претседател, ќе добие судска разрешница, јавија денеска американските медиуми.

Истите извори посочуваат дека тужби со кои се оспорува правото на Круз да учествува во трката за претседател на САД, досега се поднесени до судови во американските сојузни држави Илиноис, Индијана, Њујорк и Алабама.
Правниот тим на Круз, кој е вклучен во трката за освојување на номинацијата републикански кандидат за претседател на САД, смета дека кој има право да учествува на изборите и да биде избран, бидејќи неговвата мајка била американски државјанин во времето кога го родила.
Според американското законодавство право да биде претседател на САД има секој „роден Американец“. Меѓутоа, до крај не е прецизирано дали под овој тремин се подразбираат само лица родени на територијата на САД или и оние родени во странство од родители кои се американски државјани. Во случајот со Круз состојбата е дополнително усложнета бидејќи само неговата мајка била државјанин на САД.
Подносител на тужбата во Илинос е правникот Лоренс Џојс, кој изразува стравување дека доколку Круз биде избран за републикански претседателски кандидат, демократите би можеле да ја оспорат неговата кандидатура и тој да биде избришан од гласачките ливчиња во некои сојузни држави.
Џојс, кој инаку јавно го поддржува републиканскиот кандидат Бен Карсон, вели дека неговата тужба не е поврзна со неговата поддршка на некој од кандидатите.