Премиерот на Бугарија Бојко Борисов изјави дека нема намера да се кандидира за претседател, ниту да предизвикува предвремени избори. Според него министрите во кабинетот се амбициозни да покажат добри резултати и во многу од областите веќе ги има.
„Само ГЕРБ има интерес од избори, за да ги засили позициите во парламентот“, рече Борисов од Брисел, но беше категоричен дека народот нема интерес од тоа. Според него и самите опозициски партии не се во добра кондиција. На одговор на прашање за евентуална забрана за Делјан Пеевски и Ахмед Доган да влезат во Турција, Борисов одговори дека нема официјално потврдена информација за тоа.
Тој потсети дека сепак секоја земја има право да забранува на странски државјани да влегуваат на нејзината територија.
“Турската држава е наш сосед. ЕУ е сложна дека со Турција треба да се работи исклучително блиско, за да не влегуваат мигрантите во Европа и да останат во жешките точки таму “, рече тој.
Во однос на Грција, премиерот се изјасни против оградите внатре во ЕУ, но инсистираше повторно веднаш да се затворат апсолутно сите надворешни граници на Унијата.