ВИРУС! Не ја отварајте оваа порака на мобилен !

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Внимавајте на ваквите СМС поради тоа што во нив се крие лавер (злочест софтвер) кој би можел да ви го „спржи“ телефонот. VIRUS

На сопствениците на смартфоните кои работат на оперативниот систем Андроид им се заканува нов опасен вирус кој се шири преку смс-порака, и ако се инсталира на телефоните, може да ја избрише целата содржина од мобилниот уред па дури и да извршува повици и да чита пораки.

 

Овој вирус го откриле стручњаците за безбедност до данската компанија „Хеимдал“ . Пораката со овој вирус е испратена на повеќе од 100.000 мобилни телефони во Данска, а од оваа компанија не се сигурни дали корисниците и во другите европски земји ја примиле пораката со вирусот Маза Бот.

Интересно е што овој вирус не сака да се инсталира на мобилни  телефони со руски јазик, а и останатите корисници, ако бидат претпазливи и ги користат стандардните упатства, не би требало да имаат проблем со Маза Бот дури и ако ја добијат пораката.

Стручњаците предупредуваат дека никогаш не треба да се отвораат линкови од имеил, смс-пораки или пораки од Фејсбук, Твитер, Вајбер и други комуникациски сервиси кои ви се чинат сомнителни или кои доаѓаат од непознати лица.

А она што е многу важно е тоа дека  сопствениците на смартфони и таблети на кои е инсталиран мобилниот оперативен систем на Гугл секогаш имаат активирана опција која овозможува инсталација на софтвер само од сигурни извори, односно од Гугл плеј, иако и во оваа трговија со апликации и порано биле пронајдени опасни апликации.news-2015-May-mobiteli_ruka_1_448986993

Според информациите на „Хеимдал“, корисниците преку смс добиваат порака поврзана со мултимедијална содржина, и со кликнување на таа врска на телефонот се инсталира Тор софтвер кој на криминалците ќе им овозможи анонимно поврзување со телефонот, а преку него и малвер кој може да нанесе голема штета на телефоните – од следење на самиот уред, читање на содржини од телефонот, испраќање на смс-пораки (без знаење на сопственикот на телефонот) на скапи премиум броеви па до можност на бришење на сите податоци од мобилните уреди.

– Може да ви направи голема штета. На пример да направи голема телефонска сметка за која сопственикот на телефонот може да биде одговорен – изјавил Мортен Кјерсгард од „Хеимдал“ за „Би-би-си“.