На барање на лидерите на политичките партии, проценката на ЕУ и САД за тоа дали се исполнети условите за одржување на изборите на 24 април, ќе биде соопштена утре, велат од Делегацијата на ЕУ во Скопје-пренесе РСЕ.

orav-bejli-670x372

Ова е второ одложување на соопштување на оценката на амбасадорите на ЕУ и САД, Аиво Орав и Џес Бејли за прашањето дали се исполнети условите за одржување на изборите врз основа на три критериуми: договор за медиумите, прочистување на Избирачкиот список и одвоеност на партијата од државата.

Амбасадорот Орав вчера беше во Брисел на консултации со кабинетот на Еврокомесарот Јоханес Хан кој лично посредуваше во постигнувањето на договорот од Пржино.

Повеќе ТУКА

Слични содржини