Ванхојтe во најава – нема избори на 24 април!

од Vladimir Zorba
148 прегледи

 Денеска ќе го чујат сите одговорот кој речиси сите го знаат. На избори ќе се оди ама не на 24 април. Се останто се аргументите на меѓународната заедница и  повторно  прашање на договор на лидерите на политичките партии потписници на договорот и гаранторите од ЕУ и САД.

ван хокте

Белгискиот експерт Питер Ванхојте на Твитер синоќа колку за најава  упати уште една порака во истиот стил  со неговите мачки:

„Станува збор  за ефективни преговори! Се предавам: нема избори на 24 април“. Тоа ќе да е  всушност  ставот на меѓународната заедница во однос на процената за кредибилни избори на 24 април.

Откао  на барање на политичките партии се одложи соопштувањето на одлуката, консултациите директно со Брисел , оцената на меѓународната заедница за тоа дали се исполнети условите за фер и демократски избори официјано Македонија  ќе  ја добие денеска .