Time: Турција ја загуби регионалната моќ и продолжува да слабее

од desk3
205 прегледи

Турција веќе не е онаа силна регионална држава, каква што некогаш беше. Една од главните причини е нејзината интервенција во сирискиот конфликт, пишува американското списание Time.Сега Турција е принудена да се бори со сериозни тешкотии. Анкара води воена кампања во Сирија, но ризикува да се соочи со цврстата реакција на меѓународната заедница и внатрешни предизвици. Постојат пет фактори кои ги демонстрираат проблемите на Турција, се вели во публикацијата.

erdogan

Прво, земјата се наоѓа во епицентарот на кризата со бегалците кои се насочуваат од Сирија за Европа. Сега на територијата на земјата се наоѓаат 2,6 милиони мигранти од 4,7 милиони кои ја напуштиле Сирија. Потрошените за решавање на проблемот 8,5 милијарди долари сериозно се одразија врз економскиот просперитет на Турција. Ветените од ЕУ 3 милијарди долари се привремено решение на проблемот, пишува Time.

Второ, Турција учествува во војната во Сирија. Покрај симнувањето на Башар Асад, Анкара се мачи од успесите на Курдите и се плаши да не создадат автономија на сириско-турската граница.

Трето, Турција води војна со Курдите внатре во земјата – терористичките акти се повторуваат со алармантна стапка, за последните 7 месеци се убиени 150 лица.

Асад: Инвазијата на Турција ќе се оценува како тероризам

Четврто, терористичките напади можат да влијаат на политичките позиции на Ердоган и на неговата Партија на правдата и развојот. Во ноември на изборите му помогна паролата “Или јас, или хаосот”, но хаосот не запира, пишува Time.

Петто, сирискиот конфликт ескалираше во надворешните проблеми на Анкара. Земјите од НАТО се плашат дека Турција ќе ги вовлече во директен конфликт со Русија. Со своите бомбардирања на Курдите таа ги расипа односите со САД, забележува Time.

Ако Анкара не е внимателна, таа може да биде вовлечена во сирискиот конфликт. Во овој случај и без тоа тешката ситуација за Турција може уште повеќе да се усложни, резимира весникот.