bejli8

Амбасадорот на САД Џес Бејли ја напушти лидерската средба во Клубот на пратениците и замина до Владата на РМ за да на техничкиот премиер Димитриев  му ја презентира оценката за изборите. Потсетуваме на лидерската средба не дојде единствено лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Претходно Бејли и Орав на Тачи, Заев и на Ахмети им ги презентираа оценките за одржувањето на изборите, а нивниот став е дека нема услови за фер и демократски избори.

На лидерската средба ѝ претходеше презакажување на терминот во кој амбасадорите на ЕУ и на САД треба да ја соопштат оцената за условите за изборите.

Наместо во 14.30 часот, како што првично беше најавено, поради лидерската средба изјавата на амбасадорите е закажана по средбата во Клубот на пратеници.

Засега не се знае на чие барање е свикана вонредната лидерска средба. На неа, според порталот „Нова ТВ“, присутен е амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли.

Денеска на прес-конференција, пратеникот и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, одговарајќи на новинарско прашање дали е можно поместување на датумот за избори и што ако извештајот на меѓународните посредници за Договорот од Пржино биде негативен, рече дека нема ниту еден сериозен момент кој укажува на тоа дека избирачкиот список не може да биде прочистен навреме.

Слични содржини