2,1K
Состојки:
2 чаши шери домати
1/4 чаша сецкани маслинки
неколку страка магдонос
1 лукче
маслиново масло, оцетот
сол, црн пипер
1 багет
200-250 г чаден лосос или друг вид чадена риба
Подготовка:
Исечете го багетот на парчиња, а потоа ставете малку маслиново масло и потпечете на грил тава или во рерната за неколку минути. Исечете ги останатите состојки (без рибата) во сад и измешајте добро.
Кога парчињата се подготвени ставете врз секое од салцата, а врз неа по едно парче од чаден лосос.
Фото: iStock