Пристигнува „Дете на злото“ за љубителите на хорор филмовите

од Vladimir Zorba
117 прегледи
Ако сте љубители на хорор филмови во кои главни ликови се кукли тогаш дефитивно ќе ви се допадне Дете на злото.
thumbnail_23403
Грета, млада девојка од Америка, барајќи начин да побегне од проблематичното минато, прифаќа работа во малиот англиски град како дадилка на осмогодишно момче од богато семејство додека тие се на долг одмор. Веднаш при пристигнувањето Грета открива дека детето всушност е кукла во природна големина на момче која богатиот пар ја користи како одбрамбен механизам од прифаќањето на смртта на синот пред две децении. Сепак, Грета одлучува да остане, но кога нема да ги испочитува строгите правила за негово негување, серија вознемирувачки и необјасниви случувања ја доведува Грета до најголемите ноќни мори, наведувајќи ја да верува дека куклата всушност е жива.
Хорор филмовите се специфична филмска категорија во која љубителите на филмовите уживаат или пак сосема ги мразат. Според оцените на сајотот Plugged In, филмот Дете на злото ги надминува очекувањата: „Филмот е добро режиран со цел да ги заинтригира гледачите, повеќе него да ги преплаши.“ Главниот лик Лорен Коен, позната по улогата на Меги од популарната ТВ серија The Walking Dead, според зборовите на критиката, многу убедливо и добро изнијансирано ја извела улогата, а филмот има непредвидлив пресврт на крајот кој сите гледачи ќе ги остави без зборови.
Дете на злото пристигнува на 3 март во киното Cineplexx и 3D Кино Битола.