Евроамбасадорот Аиво Орав, преку неговиот официјален „Твитер“ профил им порача на политичките партии дека утре заедно со европратениците Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан треба да постигнат конечно решение за предвремените парламентарни избори.

„Амбасадорите на земјите членки на ЕУ разговараа за ситуацијата. Партиите треба да најдат решение; утре, е последна шанса со европратениците Вајгл, Ховит и Кукан“, твитна Орав.