“Сите војни се војни меѓу крадци, кои се премногу плашливи за да се борат”

од desk3
106 прегледи

За нашиот регион одамна се карактеристични војни, судири, конфликти и уште судири. Тапаните на војната почнаа да звучат и во нашата земја .. Постојат дури и јастреби, кои тврдат дека веќе сме во војна. Очигледно е дека владејачката клика е потопена длабоко во апсурдна противозаконитост и криминал, додека се разведува со демократијата и владеењето на правото и се појави како неконтролирана власт. И сега таа треба да го зголеми својот деспотизам, за да го прикрие сето тоа за нејзино добро. Најбрзиот начин да се направи ова е да се искористат поволните услови кои една војна потенцијално може да се создаде.

erdogan1
“Сите војни се војни меѓу крадци, кои се премногу плашливи, за да се борат, поради што ги убедуваат младите мажи од целиот свет да се борат поради нив”, беше рекла Ема Голдман, и сосема правилно.

Јасно е дека нема друг национален интерес или причина, кои можат да ја предизвикаат Турција да започне поврзана со насилство авантура на странска територија со непознати последици, освен потребите на оваа владејачка клика, која газеши до колена во противозаконност и корупција. Покрај тоа, ова не е прв пат кога Турција гледа војни во соседните земји. Па зошто би требало да прифати поинаков пристап кон кризата во Сирија? Ве уверувам дека нема разумно објаснување во контекст на националните интереси.

erdogan2

Ако нема никаква врска со националните интереси, тогаш би било исклучително катастрофално за владејачката клика која игра главна улога за избувнувањето на крвавата граѓанска војна во соседна Сирија, да ја вовлекува Турција во војна како дел од неконзистентните политики кои ги извршуваат во името на своите политички амбиции . Ова е особено важи ако оваа некомпетентна клика се состои од лудаци кои ги базираат своите генијални стратегии на незаситни амбиции или кои ги примаат своите неосновани мечтите како факти.

erdogan3
Секоја војна нераскинливо е поврзана со огромни хуманитарни трагедии. Хуманитарниот пристап, природно, бара од нас да работиме за помош кон цивилите, жртвите на трагедиите кои се случуваат до нас. Начинот тоа да се прави е како се помага на цивилите кои се жртви на војна, во соработка со меѓународната заедници во согласност со меѓународните закони. Ако наместо тоа се дејствува со еднострани воени интервенции, недозволени од меѓународното право, тоа би послужило единствено за проширување на кризата и заострување на континуираната човечка трагедија.

Лондон ја мери тајната на сефот на Тито

Како држава, формирана по крвавата војна за независност на местото на империјата, уништена од последната војна во почетокот на векот, турската република знае многу добро колку деструктивни можат да бидат војните. Државата до пред некое време го извршуваше мотото на Мустафа Кемал Ататурк:

“Ако државата не се соочува со лицето на опасност, војната е убиство” и има импресивно искуство во дистанцира од катастрофални војни. Иако помина значаен дел од животот на бојното поле, Ататурк упорно се воздржи од војна и се држеше на политички одлуки и дипломатија, што се однесува до “Хатајското прашање”, кое не беше решено за негово задоволство за време на неговиот живот. На сличен начин Исмет Инону, поранешен командант со големо воено искуство, работи напорно за да ја задржи Турција настрана од деструктивната атмосфера на Втората светска војна, во која загинаа 50 милиони луѓе .

erdogan4

За време на Иранско-ирачката војна, која се одржа помеѓу 1980 и 1988 година,и Војната во Заливот во 1990 година и инвазијата на Ирак во 2003 година, Турција успеа да се зачува од вклучување во пламенот на војна и демонстрираше чувствителноста во однос на човековите трагедии. Денес не можете да најдете некој, освен неколку психопати кои би спореле дека моравме да се вклучиме во овие војни. “Војната е продолжение на политиката со други средства”, вели Карл фон Клаузевиц во книгата “За војната”, свесно привлекувајќи внимание кон фактот дека политиката и дипломатијата имаат приоритет во случај на криза.

erdogan5
Фон Клаузевиц, прускиот генерал, ги следи стапките на кинескиот војсководец Сун Цу, кој живеел пред 2 500 година и може да биде примен како дедото на науката за стратегија. Во легендарната книга “Уметноста на војната” Сун Цу вели: “Врховната уметност на војната е да го освои непријател без борби”. Со исклучок на оние кои користат секакви средства, вклучително и војна, за прикривање на злосторствата како корупција и измама, како и некои социјални дарвинисти кои ја величаат употребата на сила како Адолф Хитлер, никој нормален човек не би ја прославувал војната. Тоа е затоа што како што е назначил Бенџамин Френклин, “Никогаш немало добра војна или лош мир”. Сепак мислам дека кажаното од Есхил, драматургот, кој живеел во античка Грција дека “Вистината е првата жртва при војна”, треба малку да се освежи после на 2500 г ., бидејќи во денешно време вистината е убивана многу пред почетокот на војната .
На пример сеуште се сеќаваме на лагите кои беа создадени пред војната во Ирак во името на ослободувањето на американската инвазија. Она што турската владејачка клика се обидува да го постигне преку контролирани од неа медиуми во походот за наоѓање на извинување за навлегување во Сирија не е различно од она што Џорџ Буш помладиот го направи пред инвазијата во Ирак.

erdogan6
Британскиот филозоф Бертранд Расел е цитиран како рекол: “Војната не дефинира кој е во право – само кој преживеал”. Расел може и да е во право во однос на војните, во кои се потпира целосно на оружје и регуларна сила, но тоа, исто така, важи и за периодот на подготовка за војна. Како Хитлер и Сталин или она што повремено го прават САД, можат да се направат обиди за воспоставување на регионален или светски поредок заснован на брутална сила во соодветни услови. Секако, таквите активности не се оправдани од моралот или меѓународното право.

Но ако нема сила која ќе го диктира тоа; тие можат да прават што сакаат според неморалните принципи на политиката, прилагодена исклучиво со реалноста и националните интереси на земјата. Ако немате таква сила, тогаш треба да го почитувате легитимитетот и правилата на меѓународното право при секој чекор што го правите во меѓународната област.

Очигледно, токму тоа не може да биде разбрано од амбициозната владина клика во Турција во однос на развојот на настаните во Сирија. Има огромна провалија меѓу амбициите на оваа дружина и моќта на државата или помеѓу каприците на оваа дружина во однос на Сирија и легитимните права, кои Турција ги има врз основа на меѓународното право. Искрено, Турција нема толку легитимитет и права како што има Русија врз основа на меѓународното право, кој е исклучително активна во воена смисла во Сирија. Па меѓународната заедница се уште гледа на режимот на Башар Асад како законско управување со Сирија.
Фактот дека некои сириски територии се под контрола на различни вооружени групи не значи ништо според меѓународното право. Русија испрати војници и оружје во Сирија по барање на режимот на Асад и на меѓународното право не му е грижа за руското присуство во Сирија, доколку неговите акции се одобрени од страна на режимот на Асад. Додека ова е во согласност на Асад, Русија има право да војува со противниците на Асад на сириска територија и со истата сила може да пружи отпор на секоја надворешна закана за Сирија.

erdogan7
Турција, која има заедничка граница со Сирија со должина 910 километри., нема такви права според меѓународните закони. Единственото легитимно право од кое Турција може да искористи по силата на меѓународното право, е ограничениот дострел: извршување на гонење по жешка трага и исклучително дејства против оние групи кои го организираат секој напад на турска територија од Сирија.
Се разбира, мерките преземени против гранични нарушувања во согласност со правилата за учество, се легитимни согласно меѓународното право. Се подалеку тоа е само обична фантазија. Според каква легитимна покана или неопходност Турција ќе влезе на сириска територија? Ќе биде ли поканета Турција од режимот на Асад или од Партијата Демократски сојуз (ПДС), на која таа гледа како на терористичка организација? Или ќе биде поканета од Исламска држава (ИД), против која таа изгледа се бори за да ги задоволи меѓународните пријатели? Ќе биде ли поканета од радикалните групи, кои таа ги поддржува против режимот на Асад? Но ниту една од овие идеи не ги исполнува условите за легитимитет според меѓународното право, освен покана од страна на режимот на Асад.

Поради тоа не е изненадување што Советот за безбедност на ОН со решение, поддржано од неговите постојани и непостојани 15 членови, ја предупреди и осуди Турција за бомбардирањето на позициите на ПДС во Сирија. Ние треба да избегнеме секакви форми на авантуристички активности кои не се базираат на резолуции на Советот за безбедност, со исклучок на одбраната на сопствените граници, заштита на нашата територија и гарантирање на безбедноста на нашиот народ. Бесмисленото малтретирање – со поставување на прашањето “Што бара Русија во Сирија?” – Може да звучи задоволително за публиката, но е бесмислено според законот. Па е нереална глупост да се зборува за создавање на 10-километарски коридор за безбедност во Сирија, како што направи со пгласната реторика вицепремиерот Јалчин Акдоган. Нема начин Турција да може да го стори тоа без да се потпираат на резолуција на Советот за безбедност на ОН и обезбедување на меѓународна легитимност. Ова не е нова идеја и ако беше можно да се примени, тоа веќе би било направено во последните пет години. Во краток преглед, интересите на Турција почнуваат од нејзините граници. Безбедноста на Турција и Турците се одржува во границите на Турција. Секој потег подалеку од тоа ќе донесе катастрофа за земјата. Ова е мојот совет.
Забелешка: Силно го осудувам терористичкиот акт во средата вечер против турските вооружени сили во област на Анкара со висока безбедност, во кој беа убиени 28 лица и повредени други 61. Молете се повредените да се опорават наскоро и го молам Бог да ја излее својата милост врз нашите маченици и им даде на роднините сила и трпение. / БГНЕС
… ……………

Коментарот на Булент Кенет е објавен во весникот “Тудејс Заман”