АХВ: Немаме нотификација дека чоколадите Марс, Сникерс, Милки веј, Веј минис и Минијатурис се небезбедни

од desk3
96 прегледи

agencija-za-hrana-i-veterinarstvo
Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека нема добиено нотификација преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската унија дека чоколадцата Марс, Сникерс, Милки веј, Веј минис и Минијатурис се небезбедни.

Чоколадите „Марс“ и „Сникерс“ повлечени од германскиот пазар

Агенцијата е во тек и ги следи информациите за повлекувањето на дел од овие производи од германскиот пазар од страна на компанијата производител, поради појава на пластика во производите. Доколку добие нотификација преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на ЕУ дека небезбедни производи од овој производител се наоѓаат на македонскиот пазар, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе постапи соодветно и ќе ги отстрани од пазарот, стои во соопштението./МИА