Оставките на министрите и замениците во собраниска процедура

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Оставките на министрите и дополнителните заменици министри на СДСМ влегле во собраниска процедура.

docs2

Според  деловникот тие треба ба бидат констатирани на првата наредна седница. Според собраниски извори бидејќи оставките на министрите и замениците министри на СДСМ се условени,  доколку вечерва на итната седница се гласа одлуката за повлекување на распуштањето тогаш функционерите на СДСМ се очекува  да ги повлечат оставките.