ПОНИШТЕНО: Нема избори на 24 април, нема самораспуштање на парламентот !

од Vladimir Zorba
148 прегледи

На дестина минути пред истекот на одлуката за самораспуштање , пратениците на македонскиот парламент ја оддржаа  седницата  со која сами си  ја поништија одлуката за самораспуштање на парламентот,  кои  и самите си  ја гласаа ,тогаш  под притсок на власта.

Macedonian Parliament thumb
Сега на иницијатива на пратениците на ДУИ и ДПА , а под притисок на меѓународната заедница тие повтотно  сами си ја поништија  одлуката дека не се самораспуштаат која беше донесена на 18 јануари, а распуштањето требаше да се спроведе денес по полноќ.

Со оваа заседание и се поништи долго најавуваниот датум за избори , согласно претходната одлука исто на парламентот, на 24 април, со што пак се потврдија тврдењата на опозицијата и на меѓународните гарантори   на договорот од Пржино,  САД и ЕУ, дека има услови за оддржување на фер и кредибилни избори.Сега според роковите изборите би требало да се оддржат на 5 јуни.

За иницијативата и отповикувањето на одлуката за самораспуштање гласаа пратениците на ВМРО ДПМНЕ, ДУИ И ДПА,  а СДСМ не гласаа за иницијативата, бидејќи  како што истакна координарот на СДСМ Сугаревски , -сами си ја донесовте без нас сами и поништете си ја !

Опозиционерите најавија дека нема да   гласаа ниту за измена на изборниот законик, затоа што  во него е фиксиран датумот  5 јуни, и она што е суштински не се   постигна договор за медиумите, претходните пазарења  меѓу власта и опозицијата со посредство на меѓународните посредници.vmro-dpmne_nova_nok

 

На оваа заседание  на парламентот, денеска му претходеа многу преговори и разговори во парламентот, во канцеларијата на унија , а амбасадорот Џес Бејли  и европаратениците влегоа дури и во седиштето на ВМРО ДПМНЕ. Вечерва заседаваше и Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, на кој е донесена одлуката да се прифати поместувањето на датумот за избори.

На истата седница  на 10 минути пред полноќ беше констатирано и повлекувањето на дадените оставки на минстрите и замениците министри од опозиционата СДСМ, кои претходно дадоа условни оставки ако не се промени одлуката за избори на 24  април и самораспуштање на парламентот.

За половина лас се очекува по комисиската формалност да биде и поништен 24 април како ден за избори и да се изгласа 5 јуни како нов датум за предвремени парламаентарни избори.

Единствена енигма за сите е непојавувањето на лидерот на владеачката ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски кој овие неколку дена одбива контакти со јавноста како и со меѓународните претставници.