ПОНИШТЕНО: Парламентот изгласа да нема избори на 24 април туку на 5 јуни

од Vladimir Zorba
98 прегледи

 

На 10 минути пред полноќ, без ниту еден пријавен за збор, пратениците од владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со 83 гласови за и 3 против, без гласовите на СДСМ,  поништија  па изгласаа одложување на распуштањето на Собранието.Пратениците кои сами ја изгласаа, сега сами ја поништија  одлуката за изменување на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија, поднесена од пратениците од ДУИ и ДПА и пратеничката Лилјана ПоповскаMacedonian Parliament thumb

Собранието на Република Македонија по полноќ, со 73 гласа „за“ и седум „воздржани“, како и 22 гласа „за“ и шест „воздржани“ од пратениците кои не се мнозинство во Република Македонија, го донесе Законот за изменување на Изборниот законик, по итна постапка, со кој се предвидува изменување на одредбата изборите да се одржат на 24 април 2016 година и се пролонгира датумот за 5 јуни 2016 година.

ПОНИШТЕНО: Нема избори на 24 април, нема самораспуштање на парламентот !

Исто така, со измените се предлага одложување на датумот за забрането платено политичко рекламирање кај радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите). Сега се предвидува од 27 февруари 2016 година радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми, (интернет порталите) да не смеат да емитуваат, односно да објавуваат реклами финансирани од буџетот на РМ, од буџетите на општините и на Градот Скопје и на сите други лица  на кои со закон им е доверено вршење на јавни овластувања.

Претходно, Предлог измените на Изборниот законик, по итна постапка, беа изгласани од членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно – правната комисија.

Собранието на Република Македонија пред полноќ во рамките на 95-тата седница со 83 гласа „за“ и три „против“