Повеќе од 26 проценти од работниците во компаниите се непријавени

од desk3
108 прегледи

Повеќе од 26 проценти од работниците кои работат во компаниите се непријавени. Најмногу ги има во секторите земјоделство, градежништво, транспорт, хотели, ресторани, трговија и услуги, претежно во мали и средни бизниси.

konfekcii

Ова беше истакнато денеска на потпишувањето на Меморандумот меѓу претставници на Државниот инспекторат за труд, Организацијата на работодавачи, Бизнис конфедерацијата, Сојузот на синдикати на Македонија и Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, при што ќе се преземат координирани активности и мерки за намалување на непријавената работа.

Непријавената работа во Македонија се движи меѓу 20 и 35 проценти од бруто-домашниот производ. Најчесто се непријавени студентите, пензионерите и сезонските работници.

 

META