Македонски телеком со поголема заработувачка од лани

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Македонски телеком лани остварил вкупна нето добивка од 1.242.715 илјади денари што е повеќе за 41,2 отсто во споредба со истиот период од претходната година.

telekom

Остварени се приходи од продажба од 10,6 милијарди денари, што претставува намалување од 3,5 отсто во споредба со 2014 година, што е резултат на  намалувањето на бројот на корисници во фиксната телефонија и намалувањето на тарифите во мобилната телефонија, стои во Извештајот на компанијата објавен на Македонска берза.