ОЈО: Водачите во Диво Насеље не биле убиени отпосле

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Обвинителите во судскиот процес за случајот „Диво Насеље“ денеска ги демантираа тврдењата на обвинетите од претходното рочиште дека четворица лидери на групата обвинета за тероризам биле ликвидирани по нападите, односно по приведувањето во полициската станица. Обвинителите Наум Пановски и Вилма Рускоска велат дека во наводите од обдукцијата е точно наведено од која далечина е пукано и дека имаат сведоци, односно заштитени сведоци кои учествувале директно во престрелката-јави РСЕ

0887895A-19AA-44BC-A938-0D9F642B2424_w640_r1_s

„Неблагодарно е да се шпекулира со работи кои се навистина осетливи, ако одбраната ги прочита добро наводите од обдукцијата точно е наведено колку рани, каде се раните, како се облечени, како се однесени“, изјави Пановски.

„Немало потреба тие да бидат ликвидирани, значи оние не биле само тие главните, одбраната и обвинетите можат по закон да кажат што сакаат но доказите се поинакви“, изјави Рускоска.

На денешното рочиште сведочеа сопругата и ќерката на обвинетиот Фадим Фејзулаху и една жителка на Диво Насеље, по барање на Обвинителството.

Фадим Фејзулаху е обвинет за директно учество во нападите и дека е уапсен со првата поголема вооружена група. вели обвинителката Вилма Рускоска.

„При апсењето бил со командант Соколи, Сами Укшими, Малишева, и е ранет“, посочи Рускоска.

Според доказите на обвинителството од кумановскиот катастар, тој бил сопственик на една од куќите каде што биле сместени дел од обвинетите за тероризам и терористичка организација.

Ќерката и сопругата на Фејзулаху тврдеа дека веќе четири години не живеат во куќата во кумановската населба Диво Насеље, туку на три километри од Куманово каде полицијата на 9 мај утрото влегла во нивниот дом со, како што велат, пукајќи уште во дворот, во потрага по обвинетиот. Тие тврдеа дека не знаат каде бил во тој момент Фадим Фејзулаху и дека полицијата ги малтретирала.

„Во пет наутро цела фамилија бевме опколени од полицијата и бевме малтретирани, мажите беа тепани, имаше пукање. Полицијата го бараше татко ми, ние спиевме, не знаевме каде е. Полицијата почна да пука уште пред да влезе во дворот, изјави во судот ќерката на Фадмир Фејзулаху, Артизана.

Повеќе ТУКА