Монахот Арсение Јовановиќ, од Српската православна црква им пушти на насобраните верници во манастирот Острог една снимка од жена која вришти и лае како пес за време на егзорцизмот. Монахот потенцираше дека тоа е звук од ѓаволот кој во тој момент гори жив.

На аудио снимката може да се слушне една жена како лае како пес, се дере додека монахот покрај неа чита молитва. Оваа вест стигна и до британскиот таблоид, Дејли Меил.
– Вака врескаат луѓето. Но, во исто време ова е и еден прекрасен вресок, бидејќи не вреска девојката туку ѓаволот кој што е во неа, бидејќи тој гори од евангелието, вели монахот коментирајќи ја снимката.
Свештеникот Слаѓан Мијалевиќ вели дека егзорцизмот е навистина тешка работа која не може да ја прави секој.
– Егзорцизмот може да трае и до еден час и мора да го изведуваат постари свештеници во манастирите кои се далеку од градовите, тој може да биде изведен во потполна чистина, а духовното лице кое ќе го изврши мора да биде многу силно, вели Мајалевиќ.