Двајца турски новинари уапсени под обвинение за шпионажа, биле ослободени од затворот во Истанбул по одлука на Уставниот суд на земјата дека се нарушени нивните права.
Главниот уредник на в. “Џумхјуриет” Џанг Дјундар и репортерот Ердем Ѓул беа уапсени на 26 ноември 2015 година поради распространети видеа за кои тврдат дека покажуваат камиони оружје и муниција и полицајци , испратени од разузнавањето на Турција ,а наменети за Сирија . Обвинителството побара за нив доживотен затвор. Тужбата, поднесена лично од претседателот Реџеп Ердоган против Дјундар и Ѓул, ги обвинува дека се дел од терористичката мрежа на духовникот и негов споредник Фетуллах Гулен. Со години Ердоган тврди дека Гулен создал паралелна структура од свои следбеници во судството, полицијата и медиумите. Во одлуката на Уставниот суд од четвртокот се наведува дека при апсењето на Дјндар и Ѓул имало “прекршување на принципите на личната слобода и безбедност”. Судот бара “да се испарви допуштеното прекршување”. / АФП