287
“Одлуката на Уставниот суд да поведе постапка против забраната да се помилуваат сторители на изборен криминал е краен срам за правната професија во Македонија.
Уставниот суд изврши државен удар. Ова е крај за државата”, порача проф. Владо Камбовски, до неодамна претседател на МАНУ, реагирајќи на последната одлука на Уставниот суд со која се отвара можност за помилување за изборни нерегуларности.
Камбовски, е еден од најголемите авторитети на правната наука во државата, универзитетски професор, автор на голем број книги од областа на правото со меѓународна репутација, академик и поранешен министер во владите на Македонија и на Југославија.