Еко герила: Загадувањето во Тетово се намали откако е затворена Југохром

од desk4
109 прегледи

download (2)

Загаденоста на воздухот во Тетово по затворање на фабриката „Југохром“ според невладината Еко герила е намалено и сметаат дека не е оправдано нејзино повторно отворање без да ги без да ги исполнува еколошките стандарди и да постави филтри.Според  соопштението  направените мерења од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање нивото на загаденост во февруари 2016 во однос на февруари лани има намалување од 41 процент.

–  Тетово,    за    разлика    од    минатата    година,    не    го    намали    ниту    нивото    на    автомобили, ниту начинот на греење, ниту депониите, ниту климата во споредба со градот Скопје, за   разликата да биде толку голема, 41 отсто. Единствената промена е што сега, овие два месеца, само фабриката „Југохром“ не работи. Една бројка, 1000 зборови, стои во соопштението

Според  Еко Герила  зачудува што во тој временски период нивото на загаденост во Скопје забележува опаѓање само од 0,1 отсто.