Војници од специјалните сили на САД им помогнале на локални борци да добијатт важна победа против “Исламска држава” во Сирија. Американските војници одиграле важна улога во битката за Шададе, бастион на џихадистите, кој беше освоен од курдските сили и нивните сојузници, а кои им помагале за насочување на воздушните напади на коалицијата. Тие одржувале комуникација меѓу борците на бојното поле и авионите, без да влезат во директни судири, објасни полковник Крис Гарвр, портпарол на коалицијата против “Исламска држава”, цитиран од АФП и медиуми.
Благодарение на тоа Сириските демократски сили- унија од милиции во кој доминираат курдските сили, успеале да го заземат градот само за шест дена, далеку побрзо од предвидувањата.
Според Пентагон заземањето на градот е важна етапа кон опкружувањето на Ракка, престолнината на самопрогласениот калифат на “Исламска држава”, кој е крајната цел на коалицијата во Сирија.
“Прекинот на непријателствата” во Сирија, што влезе во сила на полноќ, генерално се почитува, соопштува Асошиетед прес. Во провинцијата Хомс силите на режимот продолжиле офанзива до 12:15 часот., Но потоа ситуацијата се смирила. Прекинот на огнот сепак не ги опфаќа групите “Исламска држава” и Фронтот “Ан Нусра”, кој е поврзан со Ал Каеда, потсетува АП.
