Намалени продажните цени на производителите на индустриски производи

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јануари годинава се пониски за 0,2 отсто на месечно ниво, а за 0,4 проценти на годишно ниво.

timthumb (1)

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со декември лани, продажните цени се пониски во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 0,7 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,6 проценти, додека во групата Енергија цените се останати на исто ниво.

Во споредба со јануари 2015, продажните цени се пониски во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 1,2 отсто, Енергија за 0,6 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,3 отсто.