Американската скијачка Линдзи Вон доживеа страшен пад на денешната трка во супервелеслалом што се одржа во Андора и од патеката беше изнесена на носилки. Лекарскиот тим дополнително ќе ја проверува нејзината здравствена состојба во текот на денот, а можно е да замине на детални прегледи и во болница.
Таа не успеа да го одржи своето движење и со голема брзина се удри во заштитната ограда. Првичните информации се дека сепак не се работи за многу сериозни повреди кај Линдзи Вон.