Кошаркарите на Куманово забележаа убедлива победа на првиот натпревар под водство на новиот тренер Марјан Србиновски. Кумановци синоќа на домашен терен ја совладаа Струмица со 79:53.

kk-ku-feni-2

На другите две завршени средби од 18.коло во Првата лига:
Работнички – Фени Индустри 66:75,
Бест – Карпош Соколи 64:91.
Дополнително ќе биде одреден терминот за средбата МЗТ Скопје Аеродром – Кожув, поради настапот на аеродромци во АБА лигата.
Табела: МЗТ Скопје 32 бода, Карпош Соколи 32, Куманово 31, Фени Индустри 29, Кожув 25, Работнички 25, Струмица 21 и Бест 18.

Слични содржини