Семејно насилство во скопската населба Аеродром: Два инцидента во рок од 24 часа

од Илинка Илиоска
33 прегледи

Два случаи на семејно насилство се забележани во полицискиот билтен во скопската населба Аеродром во изминатите 24 часа, соопшти полицијата. Во едниот случај имало и физички напад, додека во другиот е пријавено агресивно однесување и закани кон сопругата, со која пријавениот бил во бракоразводна постапка.

„Денеска (19.09.2024) во 08.45 часот во Полициската станица Аеродром бил извршен службен разговор со М.И.(40) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 16.09.2024 во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром физички ја нападнал неговата 34-годишна сопруга, со која биле во бракоразводна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, велат од МВР.

Во 09.40 часот во Полициската станица Аеродром, пак, бил извршен службен разговор со К.В.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал и упатувал закани на неговата 33 – годишна сопруга, со која биле во бракоразводна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, додаваат од полицијата.

Слични содржини