Динамо го смени тренерот по големиот дебакл против Баерн

од Nikola Popovski
17 прегледи

Фудбалерите на Динамо Загреб останаа без тренер, бидејќи, како што пренесуваат хрватските медиуми, од таа функција е разрешен Сергеј Јакировиќ.

Оваа промена дојде по историскиот пораз од Баерн Минхен во Лигата на шампионите со 9:2, но тоа не беше единствената причина, туку и серијата лоши резултати.

Динамо пред дебаклот против минхенскиот тим загуби и во големото дерби од Хајдук со 1:0 и тоа на „Максимир“, додека претходно ремизираше со Риека.

Инаку, Јакировиќ на клупата на Динамо пристигна пред нешто повеќе од една година, кога во прилично контроверзен трансфер, среде борбата за пласман во Европа, ја напушти клупата на Риека и дојде на „Максимир“.

Како главни кандидати за наследник на Јакриовиќ се споменуваат поранешниот тренер на Динамо Ненад Бјелица, како и неодамнешниот тренер на Риека, Жељко Шопиќ, а се споменува и името на Нико Ковач, па останува да видиме кој ќе биде новиот тренер на Динамо.

Слични содржини