Институтот “Хувер”: Седумте смртни грешки на Белата куќа, кои срамно го нарушија престижот на САД

од desk3
108 прегледи

Стратегискиот пораз често е резултат на серија тактички грешки. Повторувачките порази ја поткопуваат способноста на противникот, како што беше во случајот со Наполеонова Франција, или неговата волја, како во случајот со Велика Британија за време на Американската војна за независност, коментира Марк Мојр, американски политиколог од Институтот за истражување на надворешната политика. Тој бил истражувач и професор во различни научни центри кои се занимаваат со геополитика. Анализата му е објавена на сајтот на Институтот “Хувер”. Во такви случаи военото раководство има делумна одговорност за стратешкиот пораз, бидејќи во повеќето држави командата одговара за подготовка, снабдувањето и команда на вооружените сили. Сето ова е неопходно за постигнување на тактичка победа.

20160228.fgajhmudrx

Додека воената стратегија, обратно, се наоѓа во рацете на цивилното раководство.

Во случајот со САД тоа е уставно овластување на цивилниот командант. Кога земјата редовно постигнува тактички воени успеси, како што е во случајот со САД, одговорноста за стратешкиот успех целосно лежи врз оние кои се развиваат стратегии.

Американските воени лица можеа да бидат обвинувани во стратешките грешки од последните години, ако имаа влијание врз развојот на стратегијата. Всушност, сепак влијанието на војската врз администрацијата на Буш беше ограничена, а администрацијата на Обама ги игнорираше нивните стратешки совети.

Истражувањето на американските неуспеси од 2001 година откри 7 големи грешки кои доведоа дотаму што Вашингтон не беше во можност да претвоти тактичка победа во стратешки успех. Овие грешки се претставени подолу.

“Змија” или кој е новиот косовски претседател Хашим Тачи

При секој случај тоа беше директен резултат на одлука на претседателот во политичката или стратешката област. Армијата може се биде обвинувана во одделни грешки, на пример занемарувањето на бунтовничките активности во првите години од војната во Ирак, или во спроведување на контра-востаничката доктрина, ориентирана кон населението на Авганистан во средината на војната таму. Но генерално армијата ги поправаше своите тактички грешки и ниту една од овие грешки не била причина за стратешки неуспех.

Неспособноста, лошите заклучоци и проценки и неорганизираноста одиграа голема улога во донесувањето на погрешни одлуки од администрациите на Буш и Обама. Потпирањето на идеологијата и некомпетентноста беше болест и за двете администрации. Теоријата за демократизацијата ја натера администрацијата на Буш да поверува во успехот на воената интервенција во некои земји. Претседателот Обама, пак, до таков степен се заведе во доктрината на Макгаврн што искуси премногу одвратност од примената на американска воена сила. Дополнително, одделувањето на главното внимание на внатрешните проблеми и ангажирањето на својата популарност, Обама донесе неколку погрешни одлуки во стратешки план.

1. Прекумерна вера во демократизацијата

Претседателот Џорџ Буш помладиот и неговите советници веруваа дека непријателските режими во Авганистан и Ирак можат да бидат заменети со демократски управувачи, кои ќе можат да го одржуваат внатрешниот ред и самостојно да се борат со милитантите.

Поради оваа причина тие не испратија во овие земји доволно количество американски војници, за да го разбијат отпорот по промената на режимите и не мислеа да остават војници во овие земји за подолг период од формирањето на новата влада.

Оваа одлука беше поврзано со неразбирање на силите кои дејствуваат во овие држави, и недооценката на тешкотиите при создавањето на либералната демократија во земји со авторитарни традиции. Краткорочниот стратешки успех од промената на режимите, обезбеден од воено-тактички победи, беше сведен на нула, бидејќи новите демократски влади се покажаа неспособни да преземат воени и политички мерки за стабилизирање на земјата. Обама организира соборувањето на Моамер Гадафи во Либија, предводен од истата прекумерна вера во демократизацијата.

За разлика од Буш, тој постигна промена на режимот без вметнувањето на копнени сили, бидејќи тврдеше дека присуството на американски војници ќе ја спречи стабилноста и политичкиот развој на Либија. Либискиот демократски експеримент доведе до уште полоши резултати. Антидемократските сили ја уништија демократската влада, што доведе до хаос и насилство.

2. Неадекватниот избор на локалните сојузници

Буш и Обама постојано избираа неправилно сојузниците во наведените држави, кои требаше да ги предводат одново воспоставените демократски општества. Ако САД беа избрале други сојузници, резултат можеше да биде многу подобар. Примерите со Боцвана, Чиле и Косово покажуваат дека изборот на нови лидери е крајно важен за одржливост на зародишната демократија.

Во Ирак администрацијата на Буш ги исклучи од новата влада баасистите и војската, и ги замени со имигрантите, прогонетите и шиитски политичари кои се покажаа далеку помалку добродетелни отколку што се очекуваше. На новата влада не и се придружија гувернери, полициски и воени началници за спротивставување против бунтовници, од кои многу беа поранешни баасисти или воени лица. Неефикасна беше владата по интервенцијата на американската армија.

Последната одлука да бидат вратени баасистите и војската во владата помага за стабилизирање на Ирак во 2007 и 2008 години.

Премиерот Нури ал-Малики, приврзаник на шиитската заедница, кого администрацијата на Обама го држеше на власт по контроверзните избори од 2010 година, стави крај на тоа, ги избрка сунитите од владата по повлекувањето на американските војници.

Тој ги ослабна безбедносните сили и провоцирашр непријателство на сунитите кон централната влада, што доведе и до појава на “Исламска држава”. Во Авганистан администрацијата на Буш одлучи да го стави на чело на земјата, Хамид Карзаи, преценувајќи ги неговите лидерски квалитети.

Раздавајќи клучни позиции на племиња и луѓе кои му се допаѓаат, Карзаи им даде слобода на акција, што доведе до огромни злоупотреби и ги втурна Авганистанците во прегратките на бунтовници. Кога ја напушти претседателската функција, Карзаи беше прогласен за неспособен и корумпиран.

Во Либија администрацијата на Обама ги поддржа бунтовниците, за кои ништо не знаеше, а кои беа премногу слаби за да ја контролираат целата држава. Абед Раббо Мансур Хади, кого администрацијата на Обама го стави на претседателската функција во Јемен, не можеше да го запре бунтот на хуситите. Сириските бунтовници со кои се поврзува администрацијата на Обама,ја докажаа својата неефикасност, а некои поминаа на страната на екстремистите.

3. Ззбезумена борба против бунтовници

Од крајот на 2003 до крајот на 2006 година администрацијата на Џорџ Буш брзаше да го задуши отпорот, бидејќи сметаше дека премногу долго престојуваат американските војници во Ирак, а тао ќе предизвика омраза кај локалното население и ќе ја поткопа поддршката на американското општество за војната.

За да премине САД побрзо од војната, Буш побара да биде зголемена брзо бројноста на ирачките сили. Но тие трпеа порази едно по друго поради лошо раководење, што пак беше последица од намалување на подготовката и политизацијата на силите. САД можеа да го решат овој проблем, принудувајќи ја ирачката влада да земе на услуги војници од стариот режим и да назначи команданти во согласност со нивните способности и таленти.

Во Авганистан пак назад, немаше такво количество војници, за да помогнат на владата во текот на влошената ситуација. Уништен од граѓански војни, Авганистан загуби талентирани и несебични воени лидери. По падот на владата во средината на 90-тите години (тогаш на власт доаѓа талибанското движење ) цела генерација израсна без воени и полициски командири.

Создавање на нов професионален воен бараше децении подготовка. Администрацијата на Буш се обиде да подготви армиски команданти. Но обуката на полицијата беше доверено на Германија, а таа подготви мал број офицери. Развојот на полицијата во Авганистан одеше некако до 2008 година, кога САД го презедоа поголемиот дел од задачата. Но создавање на ефикасна полиција ќе трае најмалку до 2018 година.

Во почетокот на својот мандат Обама одлучи да ја засили борбата со бунтовниците во Авганистан, за да може краткорочните успеси да дозволат повлекувањето на американските војници. Тој го сакаше тоа поради големите трошоци на воената кампања и непопуларноста на оваа војна меѓу неговите политички приврзаници.

За да обезбедат брзо зголемување на составот на авганистанските сили за безбедност, САД го зголемија финансирањето и бројот на американските инструктори. Тие исто ги намалија барањата кон оние кои сакаат да се запишат во армијата и полицијата и роковите за обука. Како резултат многубројната авганистанска армија остана недисциплинирана и некомпетентна, како што често се случува со безбедносните сили при лошо раководење. Во 2011 година Обама го скрати американското учество во борбата со бунтовниците, престана операцијата за прочистување на источните области на Авганистан.

Недоследноста на кампањата дозволи на бунтовниците да мобилизираат нови борци источните региони. Кон нив се приклучија поранешните терористи и тие станаа закана за постоењето на авганистанската влада.

4. Прекумерно занес по борбени удари

Од 2002 до 2008 година неголемият американски контингент во Авганистан одржуваше напади и организираше заседи, за да ги ослаби талибанците и нивните сојузници од “Ал Каеда”. Иако Американците им нанесуваа големи загуби, тие сепак не може да го запрат порастот на бунтовниците. Намалувањето на нивото на насилство во Ирак во 2008 година овозможи напорите да бидат фокусирани на Авганистан.

Војската, вклучувајќи ги и операции ген. Стенли Мекристал, предложија оваа стратегија да биде сменета со операции со учество на многу повеќе војници.

Во 2009 година Обама ја усвои оваа стратегија и дозволи да се испрати дополнителна војска.

Во 2011 година, домаќинот на Белата куќа ги откажа операциите против бунтовниците во источен Авганистан и тоа тдоведе до потреба од нови удари. Иако безпилотниците и нападите предизвикаа тешки загуби на противникот, сами по себе тие не беа доволни да ги држат бунтовниците само во источните делови на Авганистан.

По повлекувањето на американските војници ситуацијата толку се влоши, што во 2014 година ЦИА мораше да ги затвори своите бази и да ја распушти тајна армија на авганистанските контратерористички сили кои беа најважниот елемент од исполнувањето на борбените операции.

Во 2008 година администрацијата на Буш почна да нанесува удари со безпилотници против “Ал Каеда” и други екстремисти во Пакистан, а Обама ги прошири овие операции. Но во тоа време “Ал Каеда” најде ефикасни контрамерки, и ги префрли своите лидери во урбаните области, каде што активностите на дроновите беа забранети.

Обама успеа во такви операции да ликвидира многу команданти од ниските единици на пакистанските талибанци, кои со својот екстремизам се поголема закана за Пакистан, отколку за САД.

Успехот од користењето на безпилотниците во голема мера зависи од соработката со пакистанската разузнавачка служба ISI, која често не можеше или не сакаше да ги дели податоците со САД. Наџибула Зази, кој планираше атентат во метрото, и Фајсал Шахзад, кои го поставија автомобилот бомба на плоштадот “Тајмс Сквер”, поминаа подготовка во Пакистан во екот на операциите на безпилотниците. Несогласувањето на пакистанската влада за спроведување на американски копнени операции на нивна територија доведе дотаму што од 2005 по 2011 година американските сили одржаа исклучително малку операции во Пакистан. Последната таква операција по ликвидирањето на Осама бин Ладен, предизвика таква бура во Пакистан што локалните власти ги протераа американските специјалците, ги затворија активностите за безпилотниците и почнаа да ги спречуваат активностите на ЦИА.

Од тогаш САД не се спроведувале нови операции во оваа земја, а користењето на безпилотници беше значително ограничено. Благодарение на тоа “Ал Каеда” и другите екстремисти си ги враќаат изгубените позиции во Лахоре, Карачи и други градови. Во Јемен американските воени лица велеа дека треба да се помогне на владините сили да ја гарантираат безбедноста на руралните области преку спроведување на операции против тамошните бунтовници.

Но администрацијата на Обама одбра борбени операции против “Ал Каеда” на Арапскиот полуостров. Иако дроновите ликвидираа голем број клучни фигури на “Ал Каида”, оваа група и хуситите ги засилија своите позиции.

Непријателската контрола над населението го ограничи пристапот на САД кон информациите што беа неопходни за успешните напади на безпилотниците, како резултат од време на време се поразуваа погрешни цели, што доведе до смртта на жени и деца.

Искористувајќи ги овие грешки за свои цели, “Ал Каеда” врбува приврзаници и наскоро нејзиниот персонал од 300 лица се зголеми до илјадници – и тоа во позадината на тековните удари на безпилотниците. Операциите на Обама, кои исклучуваат големи воени дејства против бунтовниците, завршија со целосен неуспех во почетокот на 2015 година, кога бунтовниците од племе Хуси ја зазеде престолнината, ги протера јеменските сили и ги протера ЦИА.

Американските претставници велат дека ударите уништија илјадници борци на “Исламска држава” во Сирија и Ирак. Но ИД не стана слаба во споредба со почетокот на воздушната кампања. Таа зеде ефикасни мерки за заштита на раководството и врбува илјади нови борци во контролираните територии и ги привлече радикално настроени луѓе од странство. Ударите од воздухот не им попречија да го заземаат најголем “плен” – ирачкиот град Рамади.

5. Отпорот за испраќање на војска

Во 2011 година, помагајќи им на бунтовниците да го соборат Гадафи, САД и нивните европски сојузници ја користеа неговата смрт како доказ за постигнување на целите само со удари по воздухот. Но иако отсуството на американски војници во Либија да помогнат за избегнување на загуба, тоа стана причина за неможноста да се обезбеди подолг стратешки успех. Во Либија американските војници не бранеа стратешки објекти, како што го правеа тоа во Ирак во 2003 година. Затворите на Гадафи беа отворени и непознат број екстремисти излегоа на слобода. Злосторниците ги ограбија магацините на либиската армија и добија тешки вооружувања и ракети “земја-воздух”. Кога бунтовниците одбија да се потчинуваат на новата влада, никој не можеше да го врати оружјето, како што се случи во Ирак и Авганистан. Во Сирија Обама категорично одбива да испрати копнени сили во помош на бунтовници, иако американските воени експерти му велат дека без помош на САД бунтовниците нема да постигнат успех. Обама очигледно се надевал дека поддржаните од Американците востаници ќе станат доволно силни за да постигнат ја посакуваната позиција на конфликтот на масата за преговори. Но во Сирија овие бунтовници беа киднапирани, убивани или регрутирани.

6. Отпорот да се остават војници

Во Ирак тактички победи во 2007-2008 години помогнаа да се воспостави стабилност за неколку години. Ирачаните престанаа да војуваат со владата и се повеќе активно учествуваа во демократските процеси. Во 2010 година потпретседателот Џо Бајден рече: “Ќе видите една стабилна влада во Ирак, што ќе одлучува репрезентативно”. Според Бајден политичкиот напредок на Ирак “ќе стане едно од главните достигнувања на оваа администрација”. На крајот на 2011 година Обама ја повлече војската од Ирак, сметајќи дека американско цивилно присуство ќе ја зајакне стабилноста.

Но граѓанското присуство не можеше да ги смири конфликтите на верска и меѓуопштествена основа во таков степен, како што постигна американската армија. Штом американската армија ја напушти земјата, ал-Малики протера сунитските политичари од владата и ја прочисти армијата од сунитските офицери.

Тој исто така стави крај на американската разузнавачка дејност, кој го поткопа борбата против тероризмот. Тоа всушност го расчисти патот за подемот на “Исламска држава” во 2014 година. Испраќајќи во 2014 војници во Ирак, Обама остро ја ограничи нивната ефикасност, бидејќи го зачува нивната мал броj и ги затвори во базите.

Американските воени сили не се во состојба до го постигнат влијанието што го имаат иранскиот персонал и 100-те илјади ирачки шиитски борци, обучени од Иран. На крајот САД не можат да ги обноват ирачките национални безбедносни сили и да ја вратат довербата на сунитите.

7. Сигналите за кратења

Уште една причина за неспособноста на администрацијата на Обама да постигне тактички успеси во Авганистан во стратешка победа, беше поврзана со убеденоста на Авганистанците дека тој има намера да ги остави на само. Тоа е поврзано со постојаните барања на Обама за повлекување на војниците, започнувајќи од неговиот говор во Вест Поинт во декември 2009 година.

Зборовите беа поддржани со активности – од 2011 година беше скратен личниот состав на неколку воени контингенти.