Mилевски: За “Сваровски” судството треба Специјален суд

од desk4
94 прегледи

Како што се избра ДИК, како што се избра СЈО, има доволно чесни и објективни судии коишто може да ги преземат предметите кои ги работи Катица Јанева и да донесат одлука која што нема да биде под притисок на „Сваровски“ судиите, односно на ВМРО-ДПМНЕ, вели претседателот на ЛДП Горан Милевски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

– Точно е дека сум избран во еден бурен период за претседател на партијата и мислам дека во овој период партијата добро се носеше со сите предизвици кои ги налагаше политичката сцена. Во однос на прашањето за одлагање на изборите, ние бевме првата партија уште на почетокот на ноември минатата година, која предупреди дека доколку продолжи ова однесување на ВМРО-ДПМНЕ со блокирање на пржинскиот договор избори на 24 април нема да има, вели Милевски.

Тој смета дека до 5 јуни ВМРО-ДПМНЕ треба да ги испочитува останатите обврски.

 –  Сега дадовме проценка дека петти јуни е сосема доволен термин доколку ВМРО-ДПМНЕ не ги попречува повторно преговорите, односно имплементацијата на Договорот од Пржино на кој тие се потписници, ќе биде сосема доволен период на 5 јуни да се одржат едни легитимни и легални избори на кои очекувам опозицијата здружена и обединета да извојува една победа.