Ако ги поседувате овие 7 карактеристики, можеби сте гениј

од Vladimir Zorba
111 прегледи

Дури и да не мислите дека ja надминуватe околината интелектуално, пак можете да имате многу од карактеристиките кои ги делат луѓето со високо IQ.95da1b095e95f279a2e4ce65e8f7dbe0

Излегува дека многу од гениите глобално имаат слични особини на личноста, навики и однесување.

Ако имате повеќе од следниве 7 карактеристики наведени подолу, можеби и вие сте попаметни отколку што мислите:

1. Вие сте љубопитни за сè

Ако постојано читате информации за различни теми, следите различни блогови и често се чувствувате дека сте на интернет, за да барате одговори на прашањата кои се појавуваат во главата, значи дека вие ја поседувате првата карактеристика, карактеристична за гениите. Истото важи и ако сакате да учествувате во различни мали експерименти, за да видите што ќе се случи. Гениите се природно љубопитни луѓе.

2. Вие зборувате сами со себе

Ако често се чувствувате дека си зборувате сами со себе, не грижете се. Ова може да биде знак на генијалноста. Кога во главите ви се појавуваат проблеми, мислите ќе започнат да водат дијалог, во желбата да го најдете решението на проблемите. Колку поинтензивен е овој процес, толку поверојатно е да сте премногу интелигентни.

3. Вие читате постојано

Многу луѓе сакаат да читаат, но повеќето гении се опседнати со читањето. Разликата е во тоа што повеќето високоинтелигентни луѓе се фокусираат или на еден жанр (како научна фантастика), или консумираат огромен спектар на работи за читање во различни области, вклучувајќи фантастика и публицистика. Без разлика какви се вашите преференции за читање, ако постојано гледате полици полни со книги, може да паднете во категоријата “гениј”.

4. Сакате  да го предизвикувате сопствениот интелект

Ако сакате да играте логички игри, само и само да го тестирате својот мозок, тогаш вие имате нешто заедничко со многу интелигентни луѓе.Повеќето гении решаваат судоку и крстозбори, сакаат загатки и др.

5. Вие сте расеан

Генијалците навистина се расеани и тоа не е само клише. Тие се исклучително живи индивидуи кои често ги преоптоваруваат умовите со многу комплексна и интензивна материја. Тие стануваат опседнати со своите проекти и идеи, а како резултат на тоа, здравиот разум често се губи. Затоа интелигентните луѓе забораваат едноставни нешта.

6. Имате шарено минато

Сите гении поминале низ тешки периоди во својот живот, особено во младоста. Некои од нив користеле дрога, други претерувале со алкохолот, трети имаат драматични приказни во приватноста и односите. Ова објаснува зошто толку многу креативни гении – писатели, музичари, уметници и научници се бореле со различни пороци или пак зошто се сложени како личности. Покрај тоа што веќе рековме дека тие сакаат да експериментираат.

7. Вие се грижите и ги премислувате работите премногу

Можеби мислите дека гениите се многу сигурни? Е, не е така. Вистината е дека гениите се проткаени со сомнежи. Тие сакаат постојано да се развиваат и да растат, но за жал, поради овој факт, често се чувствуваат неадекватни и / или не можат да се вклопат меѓу другите.