– Овде од Тетово порачуваме, Македонија мора да биде едно општество, држава на сите граѓани, без разлика на која вера, на која нација припаѓаат. Македонија не смее да дозволи заради политички интереси да се предизвикуваат тензии и меѓуетнички конфликти. Нема да дозволиме заради интерес на одерени политичари или интерес на одредени политики граѓаните на Република Македонија да страдаат и меѓусебно да се конфронтираат, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Тетово.

Граѓаните на Тетово жестоко реагираат на рушењето на Уставниот поредок во Република Македонија. Мораме овој глас на народот, којшто е упатен пред се до Уставниот суд или до нарачателите на носењето на одлуката којашто се носи за рушење на Уставниот поредок да биде јасно дека граѓаните на Република Македонија, граѓаните на Тетово без разлика на национална и верска припадност застануваат зад државата, застануваат зад Република Македонија и застануваат зад Уставот на Република Македонија, вели Спасовски.
Тетово е град на луѓе кои се иселуваат, претежно млади луѓе и затоа мораме да најдеме сили и начини да се спротивставиме и да се избориме за поинаква Македонија во којашто младите луѓе ќе сакаат да ја градат сопствената идина овде, во државата“, рече Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи.