Аирлија ! – и официјално започна вкрстувањето на податоците во процесот за прочитување на ИС

од desk3
80 прегледи

izbiracki_spisok_1-670x359

Експертите ангажирани од Државната изборна комисија, денес, 29.02.2016 го започнаа вкрстувањето на податоците од 10 бази на податоци добиени од релевантни државни институции. На овој процес му претходеше стандардизирање, нормализирање и валидација на податоците од базата на Министерството за внатрешни работи со базите на Фондот за здравствено осигурување на РМ, Агенцијата за вработување на РМ, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на РМ, Агенцијата за катастар на недвижности на РМ, Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, Министерство за труд и социјална политика, Управата за водење на матични книги, Централниот регистар на РМ, Народната банка на РМ и Управата за јавни приходи.

Интегрален текст од соопштение на ДИК