Последното нешто од што Никола Груевски никако не сака да се откаже е контролата врз медиумите, изјави денеска Роберт Поповски, советник на претседателот на СДСМ за односи со јавност и креирање политики, на Меѓународната конференција „Обезбедување на базичните предуслови за демократска Македонија“, којашто денеска се одржа во Скопје.

– Нема да успее да ја задрќи контролата, затоа што слободата на медиумите е суштината на демократијата во една земја – нагласи Поповски.
Тој, меѓу другото, појасни дека СДСМ се залага за департизирање и за професионализирање на Агенцијата за медиуми и на јавниот сервис МРТВ.
Целото обраќање на поповски погледнете го во ова видео: