Турскиот суд затвори влијателна медиумска група

од Vladimir Zorba
76 прегледи

По барање на обвинителството во Анкара доцна синоќа беше прекината работата на моќната медиумска група “Коза-Ипек холдинг”,  а ноќва  новинарите фги изнесуваа лични предмети. Судот одлучи да бидат затворени телевизиите “Каналтјурк” и “Бугјун”, како и весниците “Бугјун” и “Милиет”, а исто така и радио “Каналтјурк”.

4687104

Според заклучокот запирање на сите медиуми на групата се наметнува поради извештаите на доверители со заклучок дека компаниите-издавачи се губитници. Во соопштението по полноќ во. “Хурријет” го  цитираат статусот на Твитер на претседателот на медиумската група Акин Ипек, кој вели: “Ипек медиумот  беше една од највлијателните весници и  медиумски групи во Турција. Опстојуваме за  демократијата, универзалното право и човекови права, и идејата за слободата на мислата. Сега ни затвораат “. Уште во текот на денот вработените биле предупредени за можната забрана на медиумите, но за тоа Советот за радиодифузија не бил информиран што тврди членот на Управниот Есат Чиплак.

Репресијата спрема “Ипек медиум груп” почнаа на 3 ноември 2015 година со отпуштања на 58 новинари, а недела порано полициски единици буквално ги  зазедоа канцелариите на весниците “Бугјун” и “Милиет” ги  разбија влезните врати на зградите и воведоа управа . Тогаш беа отстранети генералниот директор на телевизија “Бугјун” Тарик Торос и главниот уредник на истоимениот весник Ерхан Башјурт. Тие беа насилно принудени да ги  потпишат своите оставки, но подоцна насилниците  сфатија дека чинот е незаконски и нивните имиња беа отстранети од листата н за отпуштања. Торос и Башјурт продолжија да одат на работа под цврсто контрола на полиција дури во канцелариите и редакциите. Два дена по финалето на официјалните празници и изборите на 1 ноември минатата година новинарите не беа пуштени да влезат во редакциите.

Додека чекаа однадвор, тие беа информирани дека работничките им договори се прекинуваат, но во заповедите за тоа недостигаа роковите. Сите 58 отстранети од работа не беа примени дури да си ги приберат лични предмети. НА страна  беа и вработените од Одделението за човечки ресурси, кои една недела пред тоа принудно  се сместени до обезбедувањето, а потоа ги примораа  да потпишат барањата за напуштање. Гјултекин Авчи., кој  беше колумнистот од  “Бугјун”,поради своите написи  е апсен и пратен во затвор во Силиври во Истанбул . Според него до скандалозниот преседан  со медиумите на “Ипек Коза холдинг” дојде поради телевизијата “Бугјун”,  а таа се покажа главната цел и причина во ТВ “Каналтјурк” и во весниците “Бугјун” и “Милиет” да упаднат насилницие  со полициско насилство. Исто  така тогаш беа уапсени и други двајца водечки новинари од списанието , а претходниот ден со наредба на обвинителството тиражот  на изданието беше конфискуван. Следуваше суд за главниот уредник Џевхери Гјувен и одговорниот Мурат Чапан поради скандалозната насловна  со сликата на претседателот Реџеп Ердоган и насловот “2 ноември, понеделник, како почеток на граѓанската војна во Турција”. Според обвинителот Умут Тепе тоа е јавно поттикнување на вршење на кривични дела, тој беше и судијата, кој наредил заплена на целиот тираж од печатницата и фирмата за дистрибуција